Ковид пациентите во Тетово повторно со придружба од страна на семејствата кои се грижат за нив поради недостиг на персонал во болницата, објави Телевизија 24.

Тетовец сведочи  дека неговата мајка моментално е хоспитализирана од Ковид, а за неа се грижи неговата сопруга која е надворешно лице и не е вработена во болницата.

Надлежните молчат – координаторот на ковид болницата, д-р Гзим Нуредини не ни одговори дали и во моментов за пациентите кои се хоспитализирани во болницата, се грижат нивните семејства.

Претходно уверуваа дека ковид пациентите не смеат да имаат посети од надвор или да се грижи некој за нив освен медицинскиот персонал, бидејќи тие посети завршија трагично по живот за две лица кој во моментот на пожарот биле присутни во модуларната болница и се грижеле за нивните блиски. И додека се чини лекцијата од присуството на семејствата во модуларната за време на пожарот според сведочењата не е научена.

Целиот текст овде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.