Затворените терористи од Диво Насеље на Фејсбсук се вклучиле во живо и најавиле дека на неколку албански медиуми ќе се појави сметка на која собираат донации. Тие креирале група на Фејсбук, која ја нарекле „Кумановска единица”  и преку неа бараат пoмош, преку донации за припадниците на групата и за нивните семејства.

Во видеото најавиле дека редовно ќе се вклучуваат на Фејсбук и ги повкуваат сите Албанци да им помогнат, а парите кои ќе бидат донирани ќе се наменат за нивните семејства и семејствата на загинатите борци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.