Дека терорист работи како советник во Владата на Република Македонија не е информација која би ја игнорирале македонските граѓани. Не затоа што не им е грижа кого плаќаат со свои пари, ами затоа што тоа стана нормално во Владата со која раководи СДСМ.

Беким Алиу нема да биде ниту првиот, а за жал ниту последниот терорист, припадник на ОНА, кој бил или ќе биде ангажиран на „Илинденска“ бр. 2.

Вест на денот е дека токму тој, Беким Алиу од Куманово, човекот кој за време на нападот во Диво Насеље (2015) на терористите преку Фејсбук им ги откриваше позициите на полицијата, ветеран на ОНА од војната во 2001 година.

бил поставен за советник во владата.На Алиу толку многу му годи новата униформа, канцелариската, што и на социјалните мрежи поставил фотографии на кои е костумосан, а во описот каде работи навел Советник во Влада на РМ и тоа од октомври 2017 година.

Побаравме информација од Владата на РМ, дали лицето Беким Алиу е вработено или ангажирано како советник во Владата, но оттаму негираат.

Во Кабинетот на ПВРМ нема вработено ниту ангажирано советник со името и презимето кои е го посочувате, одговорија за Република од Владата.

Во меѓувреме, Беким Алиу ги освежил личните информации на Фејсбук.

Кој е Беким Алиу и зошто местото не му е во Владата?

На истиот профил на кој се пофали дека е Советник во Владата и се прикажува костумосан како позира пред, но и во зградата на Владата, Биким Алиу на 9 мај 2015 година, кога загинаа 8 припадници на македонските полициски сили, ги откриваше позициите на полицијата во Диво Насеље. По објавата на Алиу следуваше крвава битка во кумановската населба, а осум полицајци го изгубија животот.

Сега моментално се собрани кај „Голд хипермаркет“, околу 50 луѓе од специјалната единица… – напиша на 9 мај 2015 Алиу на Фејсбук, по што започна нападот на терористите врз полицијата.

Веднаш по крвавите настани во Диво Насеље, при екскурзијата на тогашниот лидер на опозицијата, а сега работодавач на Алиу, како што смета тој самиот, терористот се фотографираше со Зоран Заев, а и за тоа се пофали на својот Фејсбук. На 10 мај албанското население го пречека Заев како херој во Диво Насеље.

Зоран Заев и Беким Алиу, Диво Насеље, 10 мај 2015

Оттогаш наваму, Беким Алиу е активист и член на владејачката СДСМ. Тој бил доста ангажиран во сите досегашни кампањи на СДСМ, меѓу кои и последната, за референдумот. Алиу се фотографирал со речиси сите високи функционери на владејачката партија на која ѝ припаѓа, а секако за тоа навремено имформирал или се фалел на социјалните мрежи: Зоран Заев, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и директорот на Службен весник Мартин Костовски се само неколкумина од позиционираните социјалдемократи со кои тој се фотографирал, но и се фалел.

Фотографии на Алиу со високи функционери на СДСМ

Костумосан Алиу ја довел и сопругата пред Владата за заедно да се овековечат пред, како што пишал, новото работно место.

Беким Алиу на работното место

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.