Терминот тера инкогнита се користи во картографијата за опис на региони што не се познати, мапирани или документирани. Стапнувањето на непознат терен секогаш било голем предизвик за авантуристите и храбрите по дух. Тие откриваа нови реки, езера и континенти, а не се плашеа ни да се нурнат во темните длабочини на вселената и микрокосмосот.

Но авантуризмот и неизвесноста не се својствени за дипломатијата како служба. Како Македонски дипломатски синдикат силно се залагаме за дипломатија со високи стандарди, професионална и ефикасна, каде што ќе се почитуваат правата и дигнитетот на вработените. Дипломатската професија е една од оние каде што не е препорачливо избрзување и каде што сите постапки се добро обмислени, а ефектите што е можно повеќе предвидливи.

Последните неколку месеци нашиот синдикат води голема борба за повлекување на новиот предлог-закон за надворешни работи. За причините повеќепати сме ја известувале јавноста. Неговото конспиративно подготвување од тесен круг луѓе, отсуството на јавна и внатрешна дебата до неговото објавување, масовното несогласување на вработените и форсирањето на раководството законот да се донесе по секоја цена го наметнуваат прашањето кому таквиот закон му одговара и каква ќе биде иднината на македонската дипломатија уредувана со непосакуван закон.


Целиот текст на „Нова Македонија“

Автор: Зоран Дабиќ, претседател на Македонскиот дипломатски синдикат

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.