Долги редици во поликлиниките во главниот град на првиот ден од вакцинација без закажување термин. Уште во раните утрински часови имаше стотици граѓани, претежно постари пред поликлиниката Јане Сандански и Букурешт за да го избегнат топлото време. Сепак, дојде до револт поради бавната процедура, објави „Алсат“.

Слична беше состојбата и во Поликлиниката Чаир, иако тука гужвата се создаде во ходниците. Граѓаните велат дека е потребна подобра организација од властите.

Од Министерството за здравство за гужвите и долгите чекања коментираат дека се резултат на големиот интерес за вакцинација. Министерот Филипче го посети новиот пункт отворен во поликлиниката Шуто Оризари, кој според него, работи со голем интерес кај локалното население.

Во меѓувреме, мобилните тимови почнаа да вакцинираат во руралните области за да ги имунизираат старите лица. Ваквите тури се најавуваат секојдневно за различни региони во зависност од интересот и оддалеченоста на постоечките пунктови за вакцинација. Од друга страна, вакцинацијата на деца од 12 до 16 години ќе се врши со претходно закажување термин на веб-страницата vakcinacija.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.