Иако официјално според ДИК и другите институции изборите се мирни, партиски извори велат дека на повеќе локации во земјава ситуацијата е високо тензична.

Најнапнато е во Дебар тврдат извори во една партија која се бори за градоначалник на овој град.

Од таму обвинуваат дека освен притисок од државни функционери од една партија, тензиите ги зголемило присуство на специјални сили на МВР кои низ градот распоредиле и борбени возила.

За инциденти во Чаир јавуваат на Твитер каде се информира за тепачки меѓу активисти и функционери на различни партии.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.