Тензична атмосфера се создаде во собраниската сала откако пратеникот Илија Димовски од говорницата не му постави прашање на премиерот Зоран Заев – рече дека нема да го праша ништо, зошто и овојпат нема да добие целосен и искрен одговор.

Од ова говорница ветивте плати за лекарите од 100.000 денари, ништо од тоа. Ветивте поврат на ДДВ од 900 милиони евра, оваа година нема ниту 4 милиони. Рековте дека УНЕСКО е задоволен од сработеното, ние добивме извештај за Охрид како што добивме. Минатата година кажавте имаме датум за преговори да се израдуваме сите заедно, но знаеме каков исход имаме со датумот. Но, добра вест е што оваа власт имна уште 25 дена и ќе си замине. Затоа јас овој пат нема да поставам парашње, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

По ова пратениците довикуваа од место и од говорница се објаснуваа дали пратеникот Димовски го прекршил Деловникот. Потпретседателот на Собранието Мисовски, овој потег на Димовски го нарече срамен и катастрофален. „Срамно и катастрофално е ова што го правите колега Димовски. На овој начин го навредувате ова Собрание и своите колеги“, рече Мисовски.

Никола Мицевски координаторот на ВМРО ДПМНЕ, пак се впушти во одбрана на својот колега.

Нема свое прашање пратеникот, но изнесе свое мислење. Не гледам никаков проблем, бидејќи претходно ова го правеле Павле Богоевски, Сугарески, Зијадин Села, и ред други рече Мицевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.