Веќе седум месеци трае процедурата за завршување на тендерот на Министерството за внатрешни работи за набавка на високи специјални чизми вреден околу 800 илјади евра и никако да заврши

Комисијата за јавни набавки на МВР три пати решава компанијата Мега спорт да биде избрана, но второстепената комисија три пати го враќа тендерот со барање за повторување на постапката. И конечно, по жалба на Мега спорт до Управниот суд, каде токму на јавни набавки работи судијка, сопруга на еден од сопствениците на Мега спорт, судот носи решение за завршување на тендерот во корист токму на Мега спорт, дознава „Мкд.мк.

На 3 септември 2020 година МВР распиша тендер (бр. 12605/2020) за набавка на високи специјални чизми. На тендерот поднесени се девет понуди, но комисијата на МВР решава да отфрли осум понудувачи, освен еден – Мега спорт од Скопје. Главна за јавни набавки во МВР е Андријана Савеска-Павловска, помошничка на министерот Оливер Спасовски. Две фирми, една домашна и една странска поднесуваат жалби до второстепената комисија за жалби која ги усвојува жалбите и ја поништува одлуката на МВР и бара повторно постапување.

Читајте повеќе на МКД.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.