Тенденција е класичните форми на учебници кои сега ги имаме, достапни во печатена и во електронска форма, да бидат постепено заменети со дигитални верзии кои овозможуваат полесна реализација на наставата и постигање на очекуваните резултати од учењето. Ова денеска на прес-конференција го соопшти професорката Виолета Бешка, која детално ја презентира новата концепција за основно образование.

Тие, како што рече, треба да бидат целосно усогласени со наставната програма и со потребите и интересите на учениците.

За задолжителните предмети од областа на уметностите, според неа, не се изработуваат учебници, туку се користат наставни материјали. Наставните материјали се користат и за слободните изборни предмети, согласно тематиката и за потребите на учениците.

Таа нагласи дека сега наставниците имаат автономија да креираат или да избираат наставни материјали и како дополнително за оние учебници.

Според неа, всушност се интегрира ИКТ пристапот за потребите на осовременување на наставата, ги развиваат информатичките компетенции кај учениците, се поттикнува креативноста и автономијата во учењето на самите ученици.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.