Aлександар Трајков, викан Сашко Сали, телохранителот на претседателот на СДСМ Зоран Заев е едно од десетината лица кои денеска во Струмица брутално претепаа маж со тупаници, клоци и со палка, сведочат граѓани за Радио Лидер.

По овие објави, тој се огласи на својот Фејсбук профил, каде демантира дека бил вмешан во инцидентот.

Во врска со насловите и шпекулациите пласирани од некои портали, дека сум вмешан во тепање на лице, одговорно тврдам дека не сум бил дел од таквите случувања. Попатно, распрашувајќи се за настанот, добив информации дека “нападнатите лица“ на видео снимката не биле само двајца туку биле 20-тина души од село Баница. Истите претходно извршиле напад на вработени во Казино со дрвја, камења и ладно оружје, напиша тој на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.