Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Државата Израел, Исак Херцог, соопштија од кабинетот на Претседателот. 

Претседателот Херцог, во негово лично име и во име на граѓаните на Државата Израел упати најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово и до граѓаните на Република Македонија.

Воедно, во телефонскиот разговор израелскиот претседател упати честитки до претседателот Пендаровски и до граѓаните на Република Македонија по повод 8 Септември, Денот на независноста, констатирајќи дека Македонија од независноста до денес помина тежок пат.

Како две традиционално пријателски земји, Израел ќе продолжи да ги унапредува билатералните односи и да ја поддржува Република Македонија, посочи претседателот Исак Херцог во телефонскиот разговор, стои во соопштението.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.