Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, сепак, не го загубила вториот мобилен телефон во Белград, како што тврдела во истрагата за случајот „Рекет“, туку „го подарила“ на друго лице, информираа денеска од Јавното обвинителство. Како што дознава „Фокус“, телефонот е лоциран и одземен во државата, а лицето кое го поседувало било познаник на Јанева.

Јавната обвинителка Вилма Рускоска во интервју рече дека синот на Катица Јанева рекол дека вториот телефон и е изгубен во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.