Посебниот советник на премиерот за организирање на медиумски настани, Елена Митева, преку смс порака ja навредила новинарката која пишува за нејзиниот ангажман во Владата, но и приватните тезги во маркетинг агенција.

За анализата на Маја Јовановска од ИРЛ за денешниот текст во којшто тема на анализа е деловната етика на Митева, поранешната водителка на Утринска на Телма вели дека е приказна која не држи вода.

Срамота. Се извадено од контекст. Ама важно имате приказна која нема никакви аргументи и не држи вода. Ептен сте истражувачки новинари. Секоја чест, гласи пораката на Елена Митева до авторот на текстот Маја Јовановска.

Поранешниот сопруг на Митева, актерот и поранешен директор на Гостиварскиот театар Висар Вишка, посвети фејсбук статус на текстот, во кој пишува дека текстот е плод на „скриената омраза на некоја жена кон друга жена само заради тоа што е жена”, „обид да се спречи една самохрана мајка да заработи парче леб од друга жена која што не знае како е да си самохрана мајка” и сл.

Investigative Reporting Lab! Kolku mokjno zvuci! Ja fativte!

Elena e majka na moeto dete. Na mojot sin, nasiot sin…

Posted by Visar Vishka on Sunday, 24 January 2021

Уредничкиот коментар на реакциите на поранешниот брачен пар ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.