„ТАВ“ не отпушта вработени и бројката од 400 вработени е апсолутно неточна. Нема никаква логика, бидејќи функционирањето на нашите аеродромски операции не би било возможно со толкаво намалување на бројот на луѓе, велат во демантот оттаму.

Како резултат на кризата предизвикана од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата.”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.