Да би­де прет­ста­ви­те­лен, да е са­мо­у­ве­рен, да е ко­му­ни­ка­ти­вен, да ја раз­ви­ва дип­ло­ма­ти­ја­та, да е ин­те­ли­ген­тен, да би­де шар­ман­тен, да би­де пре­тсе­да­тел на си­те гра­ѓа­ни… ка­ков тре­ба да би­де ма­ке­дон­ски­от пре­тсе­да­тел? Пре­тсе­да­те­лот на Ма­ке­до­ни­ја го изра­зу­ва др­жав­но­то единс­тво и ја прет­ста­ву­ва зем­ја­та на ме­ѓу­на­род­на­та по­ли­тич­ка сце­на, ги по­ста­ву­ва и ги от­по­ви­ку­ва со указ ам­ба­са­до­ри­те, ги при­ма акре­ди­ти­ви­те и пис­ма­та за от­по­ви­ку­ва­ње на стран­ски­те дип­ло­мат­ски прет­став­ни­ци, склу­чу­ва ме­ѓу­на­род­ни до­го­во­ри во име на зем­ја­ва, до­де­лу­ва од­ли­ку­ва­ња и приз­на­ни­ја и да­ва по­ми­лу­ва­ња… Тој, по­крај пре­тсе­да­те­лот на Со­бра­ни­е­то, пот­пи­шу­ва указ за прог­ла­су­ва­ње за­кон, пред­ла­га чле­но­ви во Устав­ни­от суд, во Суд­ски­от со­вет, во Со­ве­тот за ра­ди­о­ди­фу­зи­ја. Го пред­ла­га и гу­вер­не­рот на На­род­на бан­ка. Тој е вр­хо­вен ко­ман­дант на во­о­ру­же­ни­те си­ли, го по­ста­ву­ва и го раз­ре­шу­ва на­чал­ни­кот на ГШ на АРМ, пре­тсе­да­тел е на Со­ве­тот за без­бед­ност, го име­ну­ва и раз­ре­шу­ва ди­ре­кто­рот на Аген­ци­ја­та за раз­уз­на­ва­ње…

Од оса­мо­сто­ју­ва­ње­то до се­га Ма­ке­до­ни­ја има­ла че­тво­ри­ца пре­тсе­да­те­ли – Ки­ро Гли­го­ров на оваа по­зи­ци­ја бе­ше од ја­ну­а­ри 1991 го­ди­на до но­ем­ври 1999 го­ди­на. Го нас­ле­ди Бо­рис Трај­ков­ски кој тра­гич­но го за­гу­би жи­во­тот пред кра­јот на ман­да­тот во фе­вру­а­ри 2004 го­ди­на. На не­го­во ме­сто дој­де Бран­ко Цр­вен­ков­ски, кој ја из­вр­шу­ва­ше оваа функ­ци­ја до 2009 го­ди­на, а от­то­гаш на че­ло на др­жа­ва­та е Ѓор­ге Ива­нов. По­ста­вив­ме пра­ша­ње – мо­же ли да се соз­да­де про­фил на иде­а­лен пре­тсе­да­тел на др­жа­ва­та од ка­ра­кте­ри­сти­ки­те на до­се­гаш­ни­те пре­тсе­да­те­ли?

FALLECE EL EXPRESIDENTE KIRO GLIGOROV

Гли­го­ров има­ше го­ле­ма по­чит и авто­ри­тет кај на­ро­дот. Бо­рис Трај­ков­ски бе­ше чо­век што бе­ше бли­ску до на­ро­дот. Го са­ка­ше на­ро­дот, зна­е­ше ка­ко со не­го. Зна­е­ше да из­гра­ди ре­ла­ци­ја со стран­ски дип­ло­ма­ти, бе­ше прет­ста­ви­те­лен ка­ко по­ја­ва. Се­пак, Цр­вен­ков­ски бе­ше нај­прет­ста­ви­тел­ни­от пре­тсе­да­тел, са­мо­у­ве­рен, полн со се­бе, по­ја­ва што оста­ва­ше впе­ча­ток. Нај­до­бар ора­тор ме­ѓу до­се­гаш­ни­те пре­тсе­да­те­ли. Единс­тве­но пр­ви­от впе­ча­ток што го оста­ва­ше мо­же­ше да го ур­не со ал­ко­хо­лот. Ива­нов, пак, е мо­же­би нај­ин­те­ли­гент­ни­от и нај­на­чи­та­ни­от пре­тсе­да­тел. Но тоа што му не­до­сти­га е са­мо­до­вер­ба, цврст на­стап, ха­риз­ма­тич­ност – сме­та 33-го­диш­на­та Ана Ма­тев­ска.

Ова пра­ша­ње го по­ста­ву­ва­ат мно­гу­ми­на. Поранешниот уред­ни­к на „Но­ва Ма­ке­до­ни­ја“, Зо­ран Ди­ми­тров­ски, во ед­на ко­лум­на збо­ру­ва ка­ков тре­ба да би­де про­фи­лот на но­ви­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат.

Да би­де пре­тсе­да­тел на си­те гра­ѓа­ни, кој ќе ко­му­ни­ци­ра со си­те по­ли­тич­ки пар­тии. Во та­ква ко­му­ни­ка­ци­ја не­го­ва долж­ност ќе би­де да пот­тик­не, на­пор­но да ра­бо­ти на тоа и да обез­бе­ди др­жа­вен кон­сен­зус на си­те по­ли­тич­ки суб­је­кти за спо­рот со Гр­ци­ја за да ги за­шти­ти на­ци­о­нал­ни­те ин­те­ре­си. Пре­тсе­да­те­лот, ка­ко и пре­ми­е­рот, не тре­ба да пи­шу­ва пис­ма до сво­јот грч­ки ко­ле­га во кои ќе го по­ви­ку­ва на ди­ја­лог, ту­ку тре­ба да ја иско­ри­сти се­та сво­ја дип­ло­мат­ска ве­шти­на и си­те свет­ски при­ја­те­ли за да дој­де до та­ква сред­ба. Пре­тсе­да­те­лот мо­ра да на­пра­ви мост и кон ал­бан­ски­от по­ли­тич­ки фа­ктор за­тоа што жи­ве­е­ме во мул­ти­ет­нич­ко оп­штес­тво со наг­ла­се­но учес­тво на Ал­бан­ци­те. Пре­тсе­да­те­лот мо­ра да се бо­ри за прав­да и за пра­вич­ност. Тој мо­ра да го кре­ва гла­сот про­тив ти­ра­ни­ја­та и не­прав­да­та… – пи­шу­ва тој.

Глас­но­го­вор­ни­ци­те мо­де­ли­ра­ат пре­тсе­да­тел

За да соз­да­де­ме лик на иде­а­лен пре­тсе­да­тел по­ба­рав­ме по­мош и од не­кои од по­ра­неш­ни­те порт­па­ро­ли на ма­ке­дон­ски­те пре­тсе­да­те­ли. Порт­па­ро­лот на Бо­рис Трај­ков­ски, Бор­јан Јо­ва­нов­ски, не са­ка­ше да ко­мен­ти­ра. Ве­ли де­ка, мо­же­би, би бил прем­но­гу суб­је­кти­вен во сво­јот од­го­вор.

Boris-Trajkovski

Порт­па­рол­ка­та на Бран­ко Цр­вен­ков­ски, Та­ња Ло­пар­ски, ко­ја де­не­ска има сво­ја ПР аген­ци­ја, ги из­ва­ди нај­бит­ни­те ка­ра­кте­ри­сти­ки на се­кој од до­се­гаш­ни­те пре­тсе­да­те­ли, соз­да­вај­ќи про­фил на, мо­же­би, иде­а­лен пре­тсе­да­тел на Ма­ке­до­ни­ја. Искус­тво, авто­ри­тет, по­чи­ту­ва­ње, на­ро­ден чо­век, чув­ство за до­не­су­ва­ње од­лу­ки, поз­на­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си…

Пре­тсе­да­те­лот тре­ба да има по­ли­тич­ко искус­тво ка­ко Ки­ро Гли­го­ров. Тој од си­те до­се­гаш­ни пре­тсе­да­те­ли ја има­ше пред­но­ста да би­де со нај­го­лем по­ли­тич­ки стаж со што мо­же­ше да про­це­ни ка­ко да се од­не­су­ва во со­од­вет­на си­ту­а­ци­ја. По­ли­ти­ка­та е игра што ако не зна­е­те да ја игра­те оста­ну­ва­те на по­че­ток. Ки­ро Гли­го­ров, не­за­вис­но од не­га­тив­ни­те ко­мен­та­ри за тоа што тре­ба­ло, а не на­пра­вил, го пер­це­пи­раа ка­ко „та­тко на др­жа­ва­та“. Во не­го се гле­да­ше со авто­ри­тет и со по­чи­ту­ва­ње. Бо­рис Трај­ков­ски, пак, го има­ше не­во­о­би­ча­е­ни­от при­стап на по­ли­ти­чар. Бе­ше на­ро­ден чо­век. Зна­е­ше да из­ле­зе над­вор од про­то­ко­лар­ни­те рам­ки, да би­де ме­ѓу лу­ѓе­то, да раз­го­ва­ра со си­те во обид да ја рас­ка­же сво­ја­та при­каз­на. Тој мо­мент го на­пра­ви ви­стин­ски прет­став­ник на ма­ке­дон­ски­те гра­ѓа­ни. Бран­ко Цр­вен­ков­ски, пак, има го­ле­мо чув­ство за до­не­су­ва­ње од­лу­ки, за игра­ње од­лич­но во ме­ѓу­на­род­на­та сце­на во бра­не­ње на ин­те­ре­си­те на Ма­ке­до­ни­ја. Не­го­ви­от имиџ на „од­ли­чен по­ли­тич­ки играч“ од­лич­но се прес­ли­ка во до­би­ва­ње­то по­зи­тив­ни оцен­ки од Европ­ска­та уни­ја и во ме­ѓу­на­род­но­то приз­на­ва­ње на устав­но­то име од стра­на на Со­е­ди­не­ти­те Аме­ри­кан­ски Др­жа­ви. Ѓор­ѓе Ива­нов, пак, го има те­о­рет­ско­то поз­на­ва­ње на ме­ѓу­на­род­ни­те од­но­си по­до­бро од си­те до­се­гаш­ни пре­тсе­да­те­ли, што е по­треб­но во из­вр­шу­ва­ње­то на пре­тсе­да­тел­ска­та функ­ци­ја. Тој ја про­дол­жи и пра­кти­ка­та на Бо­рис Трај­ков­ски во се­којд­нев­ни­те об­вр­ски да ја вклу­чи и сво­ја­та со­пру­га, ко­ја е актив­на во оп­штес­тве­но­од­го­вор­ни­те кам­па­њи – ве­ли Ло­пар­ски.

Branko-Crvenkovski-1

Низ ка­би­не­тот на Ѓор­ге Ива­нов по­ми­наа не­кол­ку­ми­на глас­но­го­вор­ни­ци. Раз­го­ва­рав­ме со но­ви­на­рот Цве­тин Чи­ли­ма­нов, кој ра­бо­те­ше во овој ка­би­нет не­ка­де на по­че­то­кот на ман­да­тот на Ива­нов. Тој де­тал­но ги ана­ли­зи­ра­ше си­те до­се­гаш­ни кан­ди­да­ти. Ка­ко и Ло­пар­ски и Чи­ли­ма­нов, ка­ко по­зи­тив­на ка­ра­кте­ри­сти­ка кај Гли­го­ров го наг­ла­су­ва мо­мен­тот – та­тко на др­жа­ва­та.

Гли­го­ров има­ше не­што што ни­ту еден пре­тсе­да­тел по не­го го не­ма­ше, а тоа е ин­си­сти­ра­ње­то де­ка се ра­бо­ти за та­тков­ска фи­гу­ра зад ко­ја тре­ба да се обе­ди­ни це­ла­та на­ци­ја и кој ја чу­ва зем­ја­та од вој­на и од не­ми­ри. Ве­ро­јат­но тоа бе­ше оста­ток од ми­на­то­то би­деј­ќи си­те пре­тсе­да­те­ли од по­ра­неш­ни­те ју­гос­ло­вен­ски др­жа­ви са­каа да се мо­де­ли­ра­ат по при­ме­рот на Ти­то, не­што ка­ко без­гре­шен во­дач ко­му не смее да му се опо­ни­ра и кој се­ко­гаш знае нај­до­бро. Лич­но, не ми се до­па­ѓа мно­гу оваа ка­ра­кте­ри­сти­ка, ко­ја не е мно­гу бли­ска до де­мо­крат­ски­те си­сте­ми, ја на­ру­шу­ва по­дел­ба­та на вла­ста и за неј­зи­но одр­жу­ва­ње е по­треб­но да се има сил­на под­др­шка од си­сте­мот. Но, јас­но е де­ка мо­же да би­де и ко­рис­на во вре­ме на го­ле­ми пре­ви­ра­ња, кои ги има­ше во вре­ме­то на Гли­го­ров, до­кол­ку се ко­ри­сти огра­ни­че­но, што то­гаш, се­ка­ко, не бе­ше слу­чај. Го­лем дел од проб­ле­ми­те што ги има­ме де­нес со уло­га­та на пре­тсе­да­те­лот, да има ре­ла­тив­но ма­ли ов­ла­сту­ва­ња, а да мо­ра да би­де из­бран на оп­шти из­бо­ри, и по­тоа да се оби­де да пре­зе­ме не­ка­ква не­пар­ти­ска уло­га, про­из­ле­гу­ва­ат од тоа што мо­де­лот бе­ше гра­ден спе­ци­јал­но за Гли­го­ров, без да се има пред­вид функ­ци­о­нал­но­ста на си­сте­мот – сме­та Чи­ли­ма­нов.

Од Бо­рис Трај­ков­ски, ка­ко ка­ра­кте­ри­сти­ка за иде­а­лен пре­тсе­да­тел, тој ја за­др­жу­ва спо­соб­но­ста да из­гра­ди дол­го­трај­ни и цвр­сти вр­ски со ме­ѓу­на­род­ни др­жав­ни­ци и по­ли­ти­ча­ри.

Трај­ков­ски тоа го пра­ве­ше во вре­ме ко­га Ма­ке­до­ни­ја сѐ уште, ге­о­по­ли­тич­ки гле­да­но, бе­ше цен­тар на све­тот и ко­га бе­ше нор­мал­но да има­ме пре­тсе­да­те­ли на во­деч­ки др­жа­ви, европ­ски функ­ци­о­не­ри и ге­не­рал­ни се­кре­та­ри на НАТО ка­ко ре­дов­ни по­се­ти­те­ли, и ко­га ми­ни­стерс­тва­та за над­во­реш­ни ра­бо­ти на го­ле­ми свет­ски си­ли по­све­ту­ваа огром­но вни­ма­ние на Бал­ка­нот. Имај­ќи пред­вид де­ка СДСМ, по при­ро­да­та на ра­бо­ти­те нас­ле­де­ни од по­ра­неш­на Ју­гос­ла­ви­ја има­ше огром­на пред­ност во вли­ја­ни­е­то врз ма­ке­дон­ска­та дип­ло­ма­ти­ја и кон­та­кти­те со све­тот, од ВМРО-ДПМНЕ Трај­ков­ски бе­ше пр­ви­от што ус­пеа да из­гра­ди не са­мо де­лов­ни ту­ку и, на­ви­сти­на, при­ја­тел­ски кон­та­кти со свет­ски др­жав­ни­ци – ко­мен­ти­ра по­ра­неш­ни­от порт­па­рол на Ива­нов.

pretsedatel-ivanov-2

Чи­ли­ма­нов сме­та де­ка ид­ни­те пре­тсе­да­те­ли од Цр­вен­ков­ски би мо­же­ле да на­у­чат ка­ко да има­ат ед­но ви­со­ко ни­во на са­мо­до­вер­ба и на его.

Но, во тоа тре­ба да се има ме­ра. Цр­вен­ков­ски, ед­но­став­но, не е под­го­твен да нај­де из­лез­но ре­ше­ние во по­ли­ти­ка­та, кое не­ма да по­драз­би­ра да би­де до­ми­нант­на по­ли­тич­ка фи­гу­ра во зем­ја­та. Во тоа мо­ра да се има ме­ра, таа бор­ба да не се пре­не­су­ва над­вор од др­жа­ва­та и да не се на­не­су­ва не­по­треб­на ште­та на за­ед­нич­ки­те ин­те­ре­си. Мис­лам де­ка не­мож­но­ста да се раз­гра­ни­чи ме­ѓу ле­ги­тим­на­та по­ли­тич­ка бор­ба и ед­на стра­те­ги­ја на из­го­ре­на зем­ја, во ко­ја мо­ра да се по­бе­ди по се­ко­ја це­на, де­нес најм­но­гу ште­та ѝ но­си на не­го­ва­та пар­ти­ја би­деј­ќи гра­ѓа­ни­те не са­ка­ат да ви­дат по­ли­ти­чар до тол­ку во­ден од сопс­тве­но­то его што не мо­же да ги пре­поз­нае др­жав­ни­те ин­те­ре­си – го ана­ли­зи­ра Чи­ли­ма­нов Цр­вен­ков­ски.

За чо­ве­кот за кој ра­бо­те­ше, Чи­ли­ма­нов сме­та де­ка по­ка­жал де­ка пре­тсе­да­те­лот не мо­ра да би­де про­фе­си­о­на­лен по­ли­ти­чар, со це­ла­та зад­ни­на на ин­те­ре­си, дол­го­ви и прес­ме­тки што до­а­ѓа­ат со тоа.

Ме из­не­на­ди кол­ку до­бро ги поз­на­ва зем­ја­та и лу­ѓе­то, кол­ку има при­ја­те­ли во по­ма­ли­те ме­ста низ Ма­ке­до­ни­ја, не­што што не оче­ку­вав да ви­дам кај уни­вер­зи­тет­ски про­фе­сор. Ед­на ра­бо­та од не­го, ко­ја мис­лам де­ка мо­ра да оста­не за ид­ни­те пре­тсе­да­те­ли, е тоа чув­ство на нор­мал­ност, кое мис­лам де­ка ве­ќе на си­те ни не­до­сти­га. Од пре­тсе­да­те­ли­те што, оправ­да­но, мо­раа да се со­о­чат со соз­да­ва­ње не­за­вис­на др­жа­ва и неј­зи­но изв­ле­ку­ва­ње од вој­на, до ера­та на Цр­вен­ков­ски, ко­га, пра­ктич­но, се­кое не­сог­ла­су­ва­ње во Ма­ке­до­ни­ја се прог­ла­су­ва­ше за исто­ри­ски важ­но и за по­тен­ци­јал­но фа­тал­но за др­жа­ва­та, вре­ме е за нор­ма­ли­за­ци­ја во по­ли­ти­ка­та, во ко­ја ќе сфа­ти­ме де­ка Ма­ке­до­ни­ја е вле­зе­на во фа­за на нор­мал­на, здо­дев­на европ­ска др­жа­ва, ко­ја се за­ни­ма­ва со здо­дев­ни еко­ном­ски пра­ша­ња, а не со по­тра­га по исто­ри­ски на­ци­о­нал­ни ре­ше­ни­ја, до­го­во­ри со го­ле­ми­те или ло­кал­ни си­ли или ве­ту­ва­ње ин­те­гра­ции ка­ко по­кус пат до не­ви­де­но бо­гат­ство – до­да­ва тој.


Текст од архива, март 2014 година

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.