Таткото на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, Панче на Фејсбук излезе со недолични коментари кон новинарот Бранко Героски. Заев сениор дури се потсмева дека во идната влада ќе го предложи Геровски за советник бидејќи „многу знаел“.

Многу ми е нерпијатно. На неговиот прв коментар му одговорив колку што е можно повоздржано и покултурно. На вториов коментар, едноставно, ми е срам да одговарам.
Велам, многу ми е непријатно. Никогаш не сум бил во ситуација да полемизирам со татко, мајка или со некој друг член на семејството на наш политичар, кој на овој начин го брани своето семејство-вели Героски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.