Мојот син Вили Гајда е осуден за настаните од 27 април 2017 година на 14-годишна затворска казна. Уште од мало дете се запиша во музичко училиште и можам да кажам дека стана професионален музичар.

Остана сам без мајка, уште на 12-годишна возраст сам го чував, го воспитував. Тој си ја сакаше својата мајка исто како нашата мајка Македонија. Секогаш велеше мајка ми ме гледа од небото. На 27 април замина за Скопје, влезе во Собранието и се случи тоа што се случи. Го направија терорист без потреба. Тој за мене не е терорист, тој за мене е патриота што секогаш си ја сака државата. Тој до сега немал никакви проблеми со власта, од премногу што ја сака Македонија тоа му се случи. Човекот ни крив ни должен го осудија. Многу ми е тешко без него, живеам така секоја ноќ, мислам дека ќе дојде ама се уште го нема.

Правдата можеби касни, но верувам дека ќе дојде. Тој беше познат како Вили гајда, одеше по фестивали, свиреше македонски песни заедно со Сузана Спасовска, Гоце Арнаудов, Круме Спасовски и многу други. Има добиено многу признаници од фестивали, и затоа не може тој да биде терорист затоа што ја сака државата.

Тоа му го наместија, нека им служи на чест.

За мене не бил и никогаш нема да биде терорист. Јасс не можам ова да го исправам, така решиле.

Тој не беше член ни на една политичка партија во Македонија, ниту на СДСМ, ни ВМРО ДПМНЕ, ниту на ЛДП. Тој само беше патриот кој си ја сакаше државата. Ниту има некого убиено, а го направија терорист, нешто не е јасно или пак јас не разбирам.

Секоја чест на сите што ми помогнаа, имам и финансиска помош од многу луѓе. Им благодарам на сите за убавите зборови.

Голем поздрав до сите Македонци.

Ја сакам МАКЕДОНИЈА!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.