Компанијата Дебој-Трон ДООЕЛ ОХРИД, која е во сопственост на Георги Георгиески, татко на кандиатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ, на државата и должи скоро 1 милион денари (поточно 923.618 денари) за неплатен данок и за неисплатени приодонеси и плати – покажуваат вкрстените проверки кои ги спроведе „Лидер“ во УЈП и Централниот Регистар.

Георги Георгиески е татко на актуелниот в.д градоначалник на Охрид и кандидат на СДСМ за функцијата градоначалник. Самиот Константин, во изјава пред неколку дена изјави дека милионската парцела во која што е партнер со Жарко Луковски, кумашин на Сашо Мијалков кој е под истрага на СЈО за криминали заедно со Мијалков, ја наследил токму од неговиот татко.

Таткото на Константин Георгиевски, во охридската јавност важи за основач на „градежната мафија“ која има незаконски градено згради во центарот на Охрид кои потоа биле легализирани.

Целиот текст на „Лидер“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.