Таткото на Седат Реџепи повеќе од 15 часа е во потрага по својот син, кој вчера бил во автобусот кој што излета од патот и се преврте, пренесува ТВ21.

Тој бил во сите болници, меѓутоа не може да го најде својот син и моли за помош за некаква информација. Тој вели дека син му не е на имињата меѓу загинатите, но во ниту една болница не може да го пронајде и нема информација што се случува со него.

Седат се враќал од работа со автобусот кој околу 16 часот се преврте на автопатот Скопје – Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.