Додека некој се прчи какво јавно здравство имаме, од вчера, ми пишуваат здравствени работници од клиника Гастро, Урологија, Пулмо, од болници во Велес, Битола, Струмица, луѓе што лечат во црвените ковид зони, дека немаат земено плати од договор за дело, немаат платено дежурства, прекумерни саати, за ризик во време на пандемија, некои волонтери немаат никаков договор потпишано…
Се жалат на мобинг од раководните лица, закани, понижувања…
Хорор во хорор. Тотално фијаско на јавното здравство. Што ни се случува бе луѓе? Триесетина писма добив во инбокс од овие понижени луѓе секој ден што се борат со ковидот. Не можам се да напишам и објавам какви страшни сведоштва има, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.