По изјавата на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, дека власта можела и да скрие дека кинеската компанија за производство на вакцини ни го вратила платениот капар, со коментар во јавноста се огласи актерот Сашо тасевски.

Шеќерке, за вратениот аванс од Кина не скривте зашто не можете тоа да го скриете, а не зашто не сте сакале од љубов кон народот. Кога ќе видевме нема вакцини, на сите ќе ни блеснеше дека пак некоја дубара сте правеле. Затоа не скривте.

 

Вие Шеќерке одма криете штом процените дека криењето може да ви помине. Како што криете дека го договарате предавството на Македонците со Бугарите. Па ги пуштате кловновине од бивши премиери и бугараши да го кажат она кое вие го преговарате, а не смеете јавно да го кажете зашто идат локални избори.

 

Шеќерке исто така криевте и лажевте дека преговарате за бетон идентитет. Испадна дека сте договориле лајно идентитет.

 

Шеќерке остана само една работа која не можете да ја скриете и да сакате: НЕСПОСОБНОСТА – коментира Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.