Актерот Сашо Тасевски бесно реагира на недадената оставка на Зоран Заев и аплаузот од неговите приврзаници. На „Фејсбук“ Тасевски пишува:

Шега било бе со оставката на Дон Корнишоне.
Исто како со онаа на Венко.
И онаа на Мила.
Сакаат шеги.
Таква им е партијата. Сите шегобијци.
На шега сменија име на држава
На шега продаваат народ, јазик и историја.
На шега си водат држава.
На шега крадат.
И кога губат избори им е шега.
И кога ќе сфатат дека народот ги мрази им е шега.

Шегава со оставката на Заев, ѓоа ете јас ја поднесов ама партијата не ме дава е доказ дека пучот на 27 април 2017 го направивте вие, а не Груевски и оние што лежат во затвор.

Зашто пак не ја испочитува те волјата на народот кој не го сака повеќе Заев на чело на државата.
Или попросто, решивте да продолжите да владеете без волјата на мнозинството кое ви покажа на локалните дека не сте пожелни ни секунда повеќе и дека предвремени мора да има, зашто немате мнозинство од народот зад вас.

Тогаш во чие име сакате да продолжите да владеете?

Каква демократија е таа, ако мнозинството бара вонредни избори, а вие му велите фак оф.
Тоа му рековте со одбивањето на оставката на Заев.

Народе, кој те клацка, ние мора да до крадеме од марихуаната, коката, од тендерчињата од струјата и бензинот.

Ни се закануваат додуша и од нарко бандава со која коалицираме, ама тоа е. Тоа сме. Затоа ја вртиме на шега секоја оставка особено ако е на шефот.

Оти нему и онака никој не му верува ко ќе каже нешто.

Чиста патологија ни е шефот да го поживее горнион. Ни мозок има, ни разум има ни совест има, ни морал има… Ништо нема. Тој има клон како што самиот вели.

Клонот поднел оставка. Замислете. Па тој се спрдачи со нас!
Клонот ги продаде името и државата.
Клонот вети живот и правда. Не тој.
Клонот ветил.

Клон бил. Не си ти клон КЛОВНУ еден забеган. Туку имаш потстанар у тоа црпката глупа. Ти си печен за опсервација на конзилиум психијатри, жими мајка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.