Во државава некако сè е во духот на победата над короната, коментира актерот Сашо Тасевски додавајќи дека се слави вакцинацијата, а вакцини всушност, уште нема.

Имаме план за вакцинација.
Имаме сајт за вакцинација.
Имаме желба за вакцинација.
Имаме фрижидер за вакцини.
Имаме пунктови за вакцинација.
Се сними документарен филм со наслов: Кога вакцините стигнаа, сите стивнаа.
Се сними и игран филм: Вакцинирај ме нежно.
Се отвори и градинка со име: Вакцинирани пчелки.
Направен е ремикс на две песни од Тоше: Вакцини без граници и Вакцина во твоите руси коси.
Сменета е химната во: Денес во Северна се вакцинира….
Булеварот Партизански одреди од вчера се преименува во Булевар на вакцинираните херои.
Стадионот е преименуван во Арена Ревакацина Втора.
Споменикот на плоштадот е преименуван во Вакцинираниот воин на коњ.
Се планира вакцинација и на коњот.
Се бараат пратеници да гласаат за промена на уставот за пак да се смени името на државата во Вакцинирана Севернокинеска Астразанека Република Фајзер Македонија
Во државава некако се е во духот на победата над короната. Се слави вакцинацијата, а вакцини уствари, уште нема, коментира во свој стил Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.