Ептен сум фин иначе, ќе ве издадев дека полицискиот час од 22 до 5 сабајле ви е со цел да ги убиете сите кучиња скитници, маченца и избегани папагали. За да не сведочиме на тој хорор. Болни умови!, пишува актерот Сашо Тасевски.

Бездушници едни, аир да немате, бел ден да не видите, во аптека роденден да славите! Каде ќе ви оди душата!? На Боровец?
Зарем за тоа е полицискиот час? И глејте сега сеир. На оваа објава се будат најхистеричните анимамундовци. И одма им копаат очи на Венко и Заев. Џабе пиарџиите нивни заедно со вистиномерите ќе се обидуваат да докажат дека оној исфрустрираниот Тасевски шири лажни вести. Готово. Мртви се. И одма ќе заборават на полицискиот час. Е толку лесно можам да ве спасам од полицискиот час, али нејќам. Многу сум фин. 
А стварно може им е тоа целта. Да убиваат кучиња скитници и мачиња мали. И ја више не знам, пишува Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.