Штама неколку дена. И во ЕУ и кај нас. Дури денес собраа душа и почна оркестарот, сите од италијанскиот медиум биле лошотии, фашисти криминалци, антиЕУ… Биле вмровски медиум… Малоумен нема тоа да го смисли… Се пука истото од сите владини порталчиња и полтрончиња. Токму во ист ден кога го повлекоа под притисок првиот клип каде ја напаѓаат Могерини и ја обвинуваат ЕУ за обид да се прикрие скандалот со Рекет. Во ист ден се јавува и претседателот, кој ќутеше неколку дена. Оркестар Титаник, ориџинале. Од денес почнува новата ера на чесност, ќе имало апсења, распити, ова она, а до вчера обвинителите дремеа на море и чекаа од ЕУ и амбасадата на Тате да им викнат старт –  пишува на Фејсбук, Сашо Тасевски.

Оваа земја не може сама ни милиметар. Ни милиметар без тутор и режија, а сите вие сте жртви, во кој табор и да сте – пишува понатаму Тасевски.

Ол рајт, ќе ви ги послушаме малоумните спинови, до новата бомба на италијанчињата, после пак расфрчете се на некоја плажа и чекајте понатамошни инструкции. Само си ја продолжувате агонијата до недоглед – завршува Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.