Демократија на ачик, ги коментира вчерашните внатрепартиски избори на СДСМ актерот Сашо Тасевски.

Сопствените партиски избори со еден кандидат, си ги крадат. Со гласачи кои гласаат по двапати.
Па уште и се сликале на двете места како гласаат.
За секој случај, лидерот да не ја загуби едната слика, да има уште една, резерва.
Од денес партијата ќе била локомотива!
Да локомотива, која шиба на колосек што води во амбис.
Од ова до сега што го видовме од вас, може да биде само полошо. Пошо екипата ви е таа: Зоки Џемс Бонд, Ел Рашко Гонзалес, Венко Вакцина, Љупчо Путерот, Рада Чизма, Оливер Обиџуко, плус цело ДУИ ве јава редовно и ви кажуе како треба.
Каква факинг локомотива?
Раздрндани сте ко половно фиќо на трупчиња, порача тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.