Сега сте гласачи на власта и драматично е колку ништо не разбирате за слободата и демократијата, сè она за кое до вчера го плукавте ВМРО, вели актерот Сашо Тасевски, коментирајќи ја изјавата на Заев дека нема да гостува на „Алфа“.

Додава дека не е важно дали некоја телевизија зазема страна, „зашто сите заземаат, партиска или на тајкунот што ја поседува. Сите!!!!“

Затоа е скандалозна изјавата на З. З. , не одам на таа тв, зашто е против нас и зашто има истрага против неа, а овие од телевизијата немаат поим дека има истрага против нив. Од каде З. З. ЗНАЕ за истрагата? Не одел на Алфа? А кај Боки во неговата тв, одеа сите, по петпати во неделата. Пошто тоа беше тв на Чесноста и Неутралноста, потенцира Тасевски.

Додава дека во демократска земја ако си висок функционер должност ти е да одиш на тв ако те поканат, особено ако немаш што да криеш од јавноста.

Сфаќате ли бе оооо, амнезирани гласачи на СДСМ???? Во време на Груевски ќе рипавте до небо за ваков скандал. Одма ќе ја известете меѓународната и сите ен џи о. Сфаќате ли зошто немаме правна држава, слобода на медиуми, слобода на говор? Дали сфаќате? Ништо вие не сфаќате, порача Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.