Море сила покажување на фејсбук онаа пратеничкана Мис Корона.
Синдром на Месија добила.
Таа за доброто на народот се жртвувала кога излегла од карантин да гласа заразена. На истиот оној народ кому му го смени името, против неговата желба
Џабе сте ја пцуеле и колнеле, времето ќе покажело дека таа е херојот и жртвата. Две во едно. Се ќе издржела од вас, секое понижување и плукање, чунки она има повисока цел…
Како да се смести меѓу колената на партискиот шеф.
Тоа што ти го нарекуваш херојство и жртва за народот, во твојата камењарска фејсбук поезија мори чупе, во литературата и социологијата е познато како ПОЛТРОНСТВО.
Земи прочитај некој расказ од Чехов или Гогољ ќе се најдеш таму, исто како да си се погледнала во огледало. Грда и лигава, со душичка која ти виси на носот како мрсул, напиша на Фејсбук, актерот Сашо Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.