Оваа предавничка, јаничарска власт му објави информациска војна на македонскиот народ. Целта им е да му ја затнат муцката на секој Македонец којшто остро ќе се спротивстави на шовинистички навреди и провокации од страна на бугарските власти и нејзините поддржувачи.

Затоа и вие копирајте ги сите навреди кон Македонците на социјалните мрежи. Од поединци и групи. Означете ги сите пробугарски шовинистички групи кои шират антимакедонска пропаганда, кои провоцираат и навредуваат на национална основа. Па да го видиме Обиџуко до каде е спремен да оди – коментира актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил.

Ваквата реакција доаѓа откако беше објавено дека полицијата го следи и го санкционира говорот на омраза на социјалните мрежи поврзан со актуелните случувања со Бугарија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека за ова соработуваат со бугарските колеги.

Ги следиме, преземени се одредени истражни дејства за одредени фејсбук-групи и на други мрежи. И ова не е само за ситуацијата туку и генерално, бидејќи проблемот со говорот на омраза е сериозен, создава непријателства и во други држави, иако во овој период е малку поизразено поради состојбата, изјави министерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.