Советникот на Заев, марјан Забрчанец на својот фејсбук профил се прашува зошто просветните работници најавуваат штрајк во услови на раст на платите.

Во септември 2018 година просветарите добија покачување на платите за 5%. Во септември 2019 се активира ново покачување за уште 5% или вкупно раст на платата за 10.8% во споредба со пред една година.
Владата и СОНК разговараат за нови покачувања во 2020 година.
Која е причината да се штрајкува при раст на плати?
Која е причината децата да страдаат додека растат платите во образованието?, напиша Забрчанец.

Во коментарите под натписот одговор дава меѓу останатите и актерот Сашо Тасевски.

Слушај фраер, некој учел факултет, дипломирал, магистрирал, 20 години е професор во средно, а ти се правиш мутав, зошто не е задоволен со 23 илјади плата… Тој цинизам твој ви зема гласови со прогресија. За промена пробај да ги чуеш, наместо да го глумиш Латас, му одговори Тасевски на Забрчанец.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.