По статусот за новата песна на „Некст тајм“, актерот Сашо Тасевски на „Фесјбук“ продолжи да се докажува за „Нешто ќе те питам бабо“ и Тодор Александров.

Значи овој ви е големиот Македонец, што вели дека ќе сече глави ако му кажеш дека не е Бугарин. Еве Тодоре, ја ти признавам: БУГАРИН СИ. Нашите комуњарски професори по историја правилно не учеле, ама вашите изгледа биле со осмолетка. И вие уште се удирате у гради дека сте Македонци. Не знаете ни кои сте, ни што сте. Мрш. И Мицко паѓа на овој у севдах. И финансира спотови за неговото дело и дружбата со бабата.

Тасевски се надоврза и утрово.

Вчера ме укорија на пробата за стендапот Северно од Македонија. Немој бе чоек не ги рчкај тие лудаци. Имаш претстава во петок, тие ти се потенцијална публика. Може некој сакал да купи карта за претставата да те гледа и сега ти пишуваш Александров бил бугараш. Не иде. Го глеам чоеков, онака ко Васко Ефтов што го глеав и му реков: А бе брат, тој што има дома слика од Тодор Александров залепена со ОХО над шпоретот, не е нешто пукнат да ми дојде на претстава. Да правев рецитал на тема: Долгата рака на Тодорче на бугарската државна цицка. Сите ќе дојдеа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.