Додека министерот за здравство Венко Филипче и претседателот Стево Пендаровски се препукуваат, српскиот претседател Александар Вучиќ со вакцините на сите им покажа колку е неефикасна и грда ЕУ со нејзината себичност, смета актерот Сашо Тасевски, кој во негов стил коментира:

Денес очекувам Пендаровски преку писмо да му раскине на Филипче, а Филипче како шо е безосечаен, да го запали моторчето и да му ја дувне по планињево.

У љубавна расправија глупо е бидеш судија.
Пушти ги нек си вадат очи кој е крив зошто децата то ест ние, им останаа небоцнати.
Важно тука е Вучиќ да не боцка.
Тој сите ги избоцка
Вака или онака.
Им покажа на сите колку е неефикасна и грда ЕУ со нејзините механизми и нејзината себичност само во корист на нејзините најмоќни членки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.