Бајден ги става на Црна листа сите кои се закана за Преспанскиот договор и оној кога капитулира Македонија во 2001. Оти тоа било закана по мирот на Балканот.
Еве другар Бајден стави ме прв мене на црниот список, пишува на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

Па сестрата ваша лицемерна. Кој потпали три војни на тлото на бивша Југославија? Со кого се ортачевте и кого го обучувавте да убива и пали? Кому му продавате оружје за да масакрира на Балканот? Вашата писмејкерска политика однесе 250 илјади животи од 1991 до 2001.
Поздрави го Реган набрзо ко ќе се видите и прашај го како го почна планот за крвав распад на Југославија. После зборувај за мир и закани по мирот.
Ништо немам против американскиот народ, ама баш ништо. Но имам многу нешта против вашата политика, особено твојата.
Види брат Бајден. Големи империи се раѓале и умирале. И од мали народи станувале големи царства. И не можеш да бараш од понижените да не се борат да го вратат своето достоинство.
Достоинство кое со ваша несебична помош им било одземено.
Прагма е прагма брате Бајден. Ама има нешто и во идеалите. Може ќе замолчите некои од нив, ама не сите.
Тенк ју анд фак ју.
Владимире Владимирович Путин, одговори ми, го читаш ли ова што го пишав. Пушти две нуклеарки за ДА.
Ако не го читаш, пушти пет, пишува Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.