А бе Забрчанец, сега да ти каже нешто стендап комичарот ко што ме нарекуваш за да ме омаловажиш, зашто имам име и презиме, пишува на Фејсбук актерот Сашо Тасевски.

Ко што гледаш јас тебе лично ти се обраќам. Не сум пичка.
Те заболе тебе за оние во твојата фамилија кои биле партизани.
Оти да те болеше, немаше да глумиш глувонема француска собарка кога Захариева, Каракачанов, Џамбаски плукаат по нашата партизанска и НОБ историја, кога не нарекуваат Бугари и народ создаден од Тито.
Да те заболе тебе за твојата партизанска фамилија, после она интервју на твојот шеф за бугарската телевизија, ти ќе му плукнеше во лице и ќе заминеше од неговата екипа.
Мене ме нарекуваш националист.
Тоа може да се сфати и како некој што ги брани интересите на својот народ, иако ти ме нарекуваш така во негативна смисла.
Туку, дај кажи ти шо си?
Кој си бе уствари ти?
Што имаш ти направено за оваа држава освен што сплеткариш, компромитираш луѓе, ги шминкаш имбецилностите на твојот шеф и шириш пропаганда која честопати е на штета на Македонците и на штета на она за што се бореле твоите, како што ги нарекуваш партизански претци. Иако едниов дедо ти е сомнителен по убедување. Велиш насилно го зеле Бугарите кај нив. Па што не ги зедоа насилно и другите твои дедовци? Ама остај тоа.
Вие сте таргетот, ненормални едни.
Гледате спас во некоја ЕУ додека секој орган на државата со која владеете е со метастази. И сите ние кои пет години ви укажуваме на тоа, арогантно, од висина на твојата позиција не нарекуваш националисти. Да, ако е тоа нешто контра од се она што претставуваш ти во очите на твојот народ, тогаш нека бидам националист.
И немој ти мене стендап комичар шупак еден.
Имам јас моја професија ако веќе така сакаш да ми се обратиш. Се вика професија глумец. Е па слушај за крај шо ќе ти каже глумецот.
Во недела почнува последната епизода од вашиот неславен крај како партија и власт.
Забрчанец, јас мојата улога во недела брилијантно ќе ја одиграм.
За мене сте минато свршено. Зло кое не смее да и се повтори на Македонија. Никогаш повеќе.
Вие сте срам за нашето партизанско минато, за сегашноста и ќе бидете резил во очите на нашите деца и во очите на децата на нашите деца.
Ќе се криете зад грмушки кога ќе завршиме со вас во недела. Со наведнати глави ќе минувате покрај нас. Ќе го тргате погледот на страна.
Знаеш зошто?
Зашто сте пички и зашто сте свесни какви недела направивте кон својот народ.
А свесни сте зашто ви беа направени со предумисла. Плански.
Јас сум ти ги чепкал твоите партизански претци?
Не туку глуми патриот, зашто лошо глумиш
А бе шупак, твојот шеф им се измоча во гробот, а ти не гукна!.
Ај сега симни ми се од стендап комичаров.
И намали со арогантноста, таа е јаготката на шлагот на вашата пропаст во недела, пишува Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.