Не мора вакцини од Кина. Да не пропадне авансот, наместо вакцини, Кинезиве нека ни пратат два милиони од оние пораки со среќни колачиња што ги даваат, саркастично коментира актерот Сашо Тасевски по враќањето на авансот за кинеските вакцини.

Па јадеш колаче и ја отвораш пораката:

Со вакцина среќа не се купува.
Ако не се боцнеш, значи си невин.
Подобро да умреш од ковид денес, отколку од кинеска вакцина по триесет години.
Кој се уште не купил вакцини, не знае како е.
Лагата по вратен аванс се познава.
Вакциниран или не, секако ќе умреш.
Кој нема вакцини, ги има Филипче и Заев.
Ако умрам ил загинам, немој да ме вакцинирате.
Кога нема вакцини против ковид, нека ти бапнат против сипаници.
Вакциниран или не, ако си глуп, остануваш глуп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.