Актерот Сашо Тасевски на фејсбук праша ако е судството независно зошто СДСМ се кити дека придонеле да се осуди Мајлков.

ПРВО, ако судството е независно, што има да се китите дека вие СДСМ сте придонеле да се осуди Мијалков.

ВТОРО, судиите кои го судеа, обвинителите, беа под огромен притисок и мониторинг од странство да донесат објективна пресуда. Дури и нивните понатамошни кариери во разни меѓународни и домашни судови зависеа од оваа пресуда.Затоа така пресудија, не зашто Заев им кажал или СДСМ

ТРЕТО, да не им дојдеше преку глава на странциве од нашиот дилетантизам и да оставеа на вас, Мијалков немаше да се врати. Ниту ќе беше осуден.

Четврто, со тоа што се врати, а доби голема казна, значи дека таа казна не е по желба на Заев или некој друг од партијата, зашто Мијалков нему му заврши огромна работа, знаете сите која.

Петто, по таа завршена работа и за сите услуги што му ги направи на Заев, по оваа тешка пресуда, Мијалков и тоа како има право да му биде бесен на Заев…. Ама стварно бесен. А тоа беснило кога е Мијалков во прашање, знаете што значи.

Шесто, прогоните и тешките пресуди на невини и виновни вмровци или патриоти минативе години, челниците на СДСМ еден ден скапо ќе ги платат. Како одмазда секако. Многу од нив ќе одат курбан, за криминали и велепредавство на државата. Нема веќе толку да внимаваат еден на друг елитите од двете најголеми партии. Ѓаолот за вмровците ја однесе шегата.

Седмо, зошто се врати Мијалков сите прашуваат. Зарем за 12 години затвор? Никој не знае зошто. Преговарал сигурно, ама зошто не договорил во своја корист?

Или е изигран од посредникот во преговорите меѓу него и власта или е изигран од власта. Веројатно е првото. Пуштен е по вода од странците, бидејќи Заев го знаеме кој е.

Или е излажан за да се врати или е уценет брутално, финансиски и по безбедноста на неговите блиски. Тоа нема да го дознаеме.

Како и да е, главните во СДСМ ги очекува непријатна иднина штом паднат од власт.

Тешка иднина. Потешка од воздишките на Јанкуловска кога вчера ја слушна својата втора пресуда.

ПРВО, ако судството е независно, што има да се китите дека вие СДСМ сте придонеле да се осуди Мијалков.
ВТОРО, судиите…

Posted by Sasho Tasevski on Saturday, 27 February 2021

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.