Сашо тасевски ги коментира изјавите на премиерот Зоран Заев за правата на Бугарите во Македонија.

А бре Зајко Кокорајко, тебе ни магарица не те прди.

 

Стигна за правата на Бугарите во Македонија да збориш?

 

До кога бе ќе изигруваш кловн?

 

Едно комбе Бугари има овде, а сакаш како малцинство да ги третираш.
И онака ги имаат истите права ко и сите други.

 

Гледај што е со Македонците во Бугарија. Немаат право да се формираат македонски здруженија, ги негираат дека постојат со децении.

 

Имаш пресуди од европските судови во корист на Македонците таму. Бугарија ништо не презема да постапи по пресудата.

 

И ти се загрижи за две лопати Бугари во Македонија, кои никој не ги спречува да се изјаснат како Бугари. Дури и нивна партија си имаат. Беа на изборите. Додуша никој не гласаше за нив, освен нивните домашни заедно со мачките и папагалите. Тоа е уште еден доказ колку Бугари има кај нас.

 

Ајде бе прибери се, доста глумиш дворска будала на Софија – коментира Тасевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.