Кога и да се објавеше индексот секогаш одеше како коментар од Владата дека тоа е само перцепција, и тоа така остануваше, вели претседателката на Транспаренси Интернешенал Македонија Слаѓана Тасева во вечерашната „Заспиј ако можеш“, додавајќи дека овој пат медиумите и интересот на јавноста придонесоа до тоа да се разбере дека ова всушност не е само перцепција.

Ова е засновано на повеќе истражувања за Македонија и се земени во предвид седум истражувања кои што различни меѓународни институции ги правеле во последните две години. Значи во 2020-та и 2019-та година истражувањата се вршеле. И тие истражувања со се методологија, индикатори, прашања, институции кои што ги спровеле конкретно за Македонија, сите информации се јавно објавени на веб страната на Транспаренси Интернешнл“ и може да се види точно кои параметри, кои резултати се таму постигнати, за кои индикатори, вели Тасева.

Тасева додаде дека и самата перцепција на граѓаните дека има корупција треба да биде важен индикатор за да се направи нешто.

На Владата треба да ѝ е битно што мисли јавноста, што мислат граѓаните. Некако во Влада, во власт многу треба да и е важно мислењето на граѓаните. Или на некој кој што управува со некоја институција исто така. Значи и да е само перцепција треба да се обрне внимание. Но, овде е засновано навистина на повеќе од перцепција односно на реални показатели, индикатори, појасни Тасева.

Тасева посочи дека високата корупција е во високите ешалони на власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.