Нашиот безбедносен систем е целосно разорен. Едноставно во државата не постои доверба во тој систем. Не постои доверба во институциите, појасни Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнал“ во емисијата „Само вистина“.

Тасева образложи дека во последно време не само Управата за безбедност и контраразузнавање, целиот безбедносен систем, и Агенцијата за разузнавање, и МВР станаа место за вработување на партиски кадри, во сите нивоа на структури од најдолно ниво на полиција.

Добро едуцирани студенти од Факултетот за безбедност не можеа да се вработат во МВР. Тоа стана место за вработување на партиски кадри кои што ги немаат потребните компетенции. И луѓе од кои подоцна не можете да очекувате професионален интегритет којшто ќе го заштити интегритетот на службата, интегритетот на институцијата, посочи Тасева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.