Откако Заев вечерва во интервјуто за 360 Степени ја коментираше изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека при посетата во Гостивар му пришле и Албанци, кои, како што рече, го прегрнувале и му рекле – сите не разочараа, ќе гласаме за вас, искоментира дека не е баш така.

Мицкоски може во Гостивар да го гушнал Таравари или неговиот шеф на кабинет, друг сигурно не, рече Заев.

На ваквиот коментар експресно преку Фејсбук му врати градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

На Мурто Амнестија не му пречи бегството на Груевски, ниту слободата на Велјановски, ниту затворот на Фета Халими, запнал со Гостивар, напиша Таравари на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.