Ахмети бараше да има само 2 албански блока. И сега е така, Алијанса за Албанците со Алтернатива и ДУИ. Сега е битката помеѓу нас. После изборите време е Ахмети да замине во пензија. Ние Албанците, сме уморни да бидеме заложници на еден политичар кој е рѓосан. Нас ни е целта да го победиме ДУИ и со оваа комбинација сигурно ќе го направиме тоа, изјави вечерва на телевизија Телма генералниот секретар на Алијансата на Албанците, Арбен Таравари.

Во однос на коалицијата помеѓу СДСМ и Беса, Таравари вели дека тоа е сосема легитимно, но засега Алијансата за Албанците смета дека не е време за коалицирање.

Искрено ова што се случи денеска, коалицијата помеѓу СДСМ и Беса е легитимно. Исто така на претседателските избори 4 албански партии истрчаа со СДСМ и тоа беше легитимно. Ние како партија Алијанса за Албанците мислиме дека не е време за вакви коалиции. Ние сме конзистентни во нашите ставови, секогаш одиме на тоа дека треба да се поддржи албанскиот блок, вели Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.