Генералниот секретар на Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари во дебатната емисија на на ТВ Шења вели дека во „Владата ќе се случи експлозија, откако најверојатно нема да биде добиен датум за отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ ниту на 15 декември 2021 година“.

Таравари не верува дека Македонија ќе добие датум за преговори на 15 декември, но некому му е потребен изговор за она што е продадено, или купено, или кое е самоизолирано, или засолнето.

Има многу незадоволство во Владата. Ќе помине 15 декември, 99 проценти нема да се добие датум и ќе ја видите експлозијата во Владата, смета Таравари.

Во гостувањето Таравари посочи дека на дента кога требаше да се гласа за предлогот за недоверба за Владата, на некои од пратениците им биле земени телефоните:

Сите беа сместени на едно место, некои без право дури да ги користат и телефоните. Ова е вистината. Ова го знае и меѓународниот фактор. Во еден хотел беа изолирани и држени како заложници. Беа држени под контрола и под непрекинат надзор, тврди Таравари.

Говорејќи за иницијативата за уривање на Владата, Арбен Таравари рече дека таа започнала со 63 пратеници.

Премиерот беше во оставка. Тенденцијата на опозициските партии е да ја урнат оваа власт. Партиите на власт ни се претставија дека имаат незадоволство и оти ќе ни се придружат откако ќе падне оваа Влада. ДУИ ја сопре оваа тенденција.

Таравари се осврна и на Кастриот Реџепи и на неговата услога во екипирање на опозицијата и формирање нејзин заеднички став дека Владата на СДСМ и ДУИ треба да замине час поскоро.

Во свој пост тој рече дека еден ден, час поскоро треба да се формира мнозинство без ДУИ. Кога се потпиша на предлогот за изгласување недоверба на Владата тој немаше никаков сомнеж во тој предлог за гласање за Владата. Кастриот Реџепи беше еден од иницијаторите кој бараше тоа да се стори час поскоро. Му даваме на Кастриот уште една шанса до 15 декември, нека каже дека ќе гласа за недоверба, ако не добиеме датум за преговори со ЕУ. Гледам дека и Алтернатива декларативно вели оти и да влезе во Владата, кога ќе имаат 61 пратеник, ќе бидат тука да гласаат за недоверба кон Владата, нагласи Таравари на ТВ Шења.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.