Арбен Таравари, старо-новиот градоначалник на Гостивар и генерален секретар на Алијансата за Албанците, тврди дека опозициските партии во парламентот преговараат и со пратеници на владејачките СДСМ и ДУИ за изгласување недоверба на актуелната влада. Разговорите со овие пратеници, како што вели, биле на нивна иницијатива.

Господинот Заев на 31 октомври вечерта најави дека ќе поднесе оставка и во партијата и од премиерската функција. Се надевам дека оставката ќе биде процесирана и нема да има потреба од гласање доверба на Владата. Се надевам дека во новото мнозинство ќе има пратеници на СДСМ и на ДУИ. Ова ви го гарантирам, само не знам дали ќе се оди со недоверба на Владата или Заев денеска ќе даде оставка. Според некои информации што ги имам, денеска Заев сам ќе даде оставка, така што ова ги олеснува процедурите за почеток на преговори за формирање нова влада“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.