Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој по професија е доктор во изјава за Сител рече дека во Македонија има колективен имунитет и оти повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот.

Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќа има колективен имунитет во Македонија. Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19. Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.

Тој е незадоволен од досегашното справување со пандемијата од коронавирусот од страна на институциите. За него е смешно што досега ниту една вакцина не е пристигната.

Да не е трагично би било смешно. Меѓутоа, состојбата е трагична само од први ноември до крајот на јануари има 1.500 починати во Македонија. Сме рангирани 10-ти во светот по смртност и по инфицирани на милион жители. Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери и програма како ќе се вакцинираат, и ништо друго. Дури, ви велам, смешно е дека премиерот се подготвува да причека вакцини на граница, па се одложува, па друга држава кажува дека не е регистирана вакцината и оти немаме програма за вакцинирање. Добиваме информации од други држави, посочи Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.