Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека иицидентите кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби.

Ние воопшто не сме активни на протестите. Дури и не сме за протестите. Кој сака, може да си протестира, кој не сака, не мора. Само во неколку наврати кажавме дека сме против говор на омраза. Инаку, на една од петте вечери што се протестираше се случи тој немил настан пред Мавровка последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења, вели Таравари.

За оние кои од мостот флаа со камења и палети, Таравари вели дека се навивачките групи на Шкупи и практично тие ја исценирале и испровоцирале целата ситуација.

Сето тоа е инсценирано. Постои и еден друг дел од приказната. Една вечер пред тоа, поточно на 5 јули вечерта е демолиран хотелот на човекот што пукаше со пиштол, кој јас воопшто не го оправдувам. Значи, нема оправдување за користење оружје во вакви ситуации. Меѓутоа, на снимките се гледа дека и полицијата е тотално пасивна, така што целта беше да се создаде тоа што Бујар Османи го најавуваше пред пет, шест дена. Добро е што заврши без некакви последици, вели Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.