Генералниот секретар на Алјанса за Албанците, Арбен Таравари упати остри критики за тоа како Владата се справува со епидемијата на Ковид-19.

Тотална неспособност. Ние не донесовме ниту една вакцина. Србија ни донесе неколку илјади вакцини. Ние сами донесовме многу малку вакцини. Тоа е страшно. Бројките секој ден растат. Еве ќе ви дадам неколку примери, да не зборувам за сериозни земји во Европа, еве видете Африка, видете во Зимбабве, во Гана и други земји имаат повеќе вакцинирани отколку во Македонија – изјави Таравари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

Таравари додаде дека моменталната состојба е страшна и алармантна. Бројот на починати е висок, а Македонија е во ТОП 10 земји во светот по починати од Ковид.

Според податоците на министерството за здравство, вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.