Генералниот секретар на Алијансата за Албанците и градоначалник на Општина Гостивар, Арбен Таравари смета дека оставката на заменик министерот за здравство е изненадување, бидејќи и покрај сите скандали поврзани со функционери на ДУИ тие биле заштитувани.

Скандалите на ДУИ се континуирани, но во македонското општество тие се заштитени како бели мечки, претходно од ВМРО, а сега од СДСМ. Сепак сметам дека крајот ќе им дојде наскоро. По изборите на Косово ја губат и поддршката, бидејќи главните играчи им беа таму. Тоа што се случи со заменик министерот е нивниот начин на работа кој го нарековме „ДУИинг бизнис“ за кој сите знаеме и сите молчиме. Затоа и помалку ме изненади поднесената оставка, што досега не беше таква пракса – рече Таравари во одговорот на прашањето како тој го гледа случајот со заменик министерот за здравство Асим Муса.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.