Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар во Студио 10 рече дека во Гостивар состојбата е со 500 активни и 70 смртни случаи и без слободни места во инфективното одделение. Се подготвуваат капацитетот во општата болница и има недостаток на маски и хигиенски материјал.

Тавари потенцираше дека освен ковид има и други пациенти кои немаат каде да се третираат. Според него кризната состојба требаше порано да се донесе и смета дека во вакви ситуации треба да се донесат одлуки кои ќе се почитуваат од приватните клиники. Тие во овој период треба да бидат дел од здравствениот систем и сите капациетети да се обединат зошто ситуацијата ќе потрае уште неколку месеци.

Мислев дека кризната состојба ќе ги принуди по дифолт да го прифатат тоа што се донесуваат одлуки, а не да се преговара со нив – рече Таравари.

Таравари рече дека со овие бројки треба да се размисли за полициски час, но дали ќе се издржи економски. Смета дека со карантин сигурно ќе се намалат бројките, што се покажало успешно во поглемите земји, но кај нас нема такви капацитети.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.