Во „Клик плус“ на ТВ 21, синоќа генералниот секретар на Алијанса за Албанците, Арбер Таравари рече дека во овие моменти потребно е формирање на широка коалиција за справување со коронавирусот.

Да се формира сега широка коалиција поради коронавирусот, а потоа на локалните избори да одиме и на нови предвремени парламентарни избори – рече Таравари во „Клик Плус“ на ТВ21.

Претходно, Таравари за ТВ21 потенцираше дека ако ДУИ оди во коалиција со СДСМ, тие ќе одат со ВМРО-ДПМНЕ и обратно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.