Кај нас, за само неколку дена, драматично се зголеми бројот на заразени со КОВИД-19. Дури се чини дека ситуацијата излегува надвор од контрола во некои градови, ризикувајќи да не погоди пораз од незамисливи размери! Затоа, повеќе од кога и да е, апелирам до Владата да престане со ова пасивно однесување и да не ја сведува својата грешка само на однесувањето на граѓаните!- напиша на својот Фејсбук, Арбен Тарвари.

Понатаму тој апелира:
Итно да се организираат Патролни служби за да го следат спроведувањето на мерките и препораките во земјата и истите треба да бидат на служба која нема да се управува според пријателства, туку според законски одредби!
Владата итно треба да ја преземе ситуацијата во своји раце, и истата повеќе да не ја следи состојба од далечина како документарен филм, туку како наша реалност.
Граѓаните треба да чувствуваат присуство на грижлива држава, а не држава што не може да се справи со пандемијата.
Не е нормално да се заканува со враќање на тоталната изолација со повторно блокирање на оваа и така кревка економија што се наоѓа во бездната, туку треба да се следи сериозен увид 24 часа низ целата земја и треба да бидат казнети сите оние кои не ги спроведуваат донесените мерки!- пишува Таравари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.